Живот без бариери и еднакви можности побараа лицата со попреченост
Foto

Живот без бариери и еднакви можности побараа лицата со попреченост

Во Македонија постојат 200 000 граѓани кои се соочуваат со попречености, нивната состојба ја отежнуваат големиот број на бариерии во секојдневниот живот, а фактот дека сеуште не постојат звучни семафори, пристапни рампи до институциите, не постоењето на еднакви права во образовниот процес и социјално здраствената заштита говорат дека сеуште не можеме да кажеме дека тие ги имаат правата кои им следуваат врз основа на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, која Македонија ја ратификуваше во 2011 година.

За Бранкица Димитровска, од Здружението Хендикеп Плус срамно е за пристапноста да се зборува и бара решение само на Меѓународниот ден за лицата со попреченост.

Лицата со попречености едногласни се во барањата за нивните права , еднаквоста која им е загарантирана со Конвенцијата, сеуште е за нив отсутна, па остварувањата на нивниот сон често оди многу споро. 

И покрај барањата ,заменик-народниот правобранител Васка Бајрамовска-Мустафа, на денешната промоција на Извештајот за остварување на правото на образование на децата со посебни образовни потреби, истакна дека денес во Скопје повеќе од половина од основните училишта во скопскиот регион не се инклузивни на начин на кој што Законот за основното образование тоа го предвидува, односно немаат вработено образовни и лични асистенти за поддршка на децата со попреченост.

0 Коментари

Остави коментари