Жители на Албанија повторно излегоа на протест против политиката на Еди Рама
Foto

Жители на Албанија повторно излегоа на протест против политиката на Еди Рама

Илајдници жители на албанија одново излегоа на прортест да го изразат незадоволството од владата на премиерот еди рама....демонстрантите се судрија со полицијата пред парламентот во Тирана при обид да го пробијат кордонот и да стигнат до собранието....Судири со полицијата претходно имаше и во населбата „Астир“, каде што жителите повеќе од 100 дена протестираат бидејќи нивните домови треба да се урнат....Албанската опозиција веќе поднесе кривична пријава против министерот за внатрешни работи Сандер Леши за злоупотреба на службената должност и масовна употреба на солзавец против демонстрантите....

На протестот пред парламентот присуствува и поранешнот премиер и претседател на Албанија , Сали Бериша....Првиот човек на Демократската Партија и еден од лидерите на опозицијата, Љуљзим Баша, денеска е во Брисел од каде што упати порака до учесниците на протестите...

- „Се бориме за праведна кауза, за влада ослободена од криминал и слободни избори. Време е криминалната клика со владата да се разурнат од темел! Албанија како Европа!“ - напиша Баша на Фејсбук.

Иако од министерството за внатрешни работи повикуваат на воздржаност сепак испратени се голем број на дополнителни полициски единици....Во еден момент беа употребени и водени топови при обид на дел од учеснците на протстот да влезат во Парламентот од спореден влез....

А во Албанскиот парламент денеска заклетва дадоа уште тројца пратеници од Социјалистичкото движење за интеграција кои ги заменуваат оние кои се откажаа од мандатите. При влегувањето во Парламентот дел од пратениците беа испрскани со боја....

Дел од албанските медиуми денеска објавија дека премиерот Еди Рама е итно префрлен во болница во Берлин поради проблеми со срцето...повикувајќи се на извори од неговиот кабинет, состојбата на Рама за кусо време се влошила а неколку часа подоцна тој бил итно хоспитализиран во Тирана, бидејќи имал прединфарктна состојба....потоа, со чартер лет е префлен во Германија.

- „Од понеделникот тој е хоспитализиран во Берлин. Причина за неговиот престој во Германија е неговата здравстена состојба, а не од друг причини.“ - наведуваат медиумите.

Веста ја пренесуваат и неколку косовски медуми, но засега нема официјална потврда од албанската влада.

0 Коментари

Остави коментари