Жестока дебата на Заев и Мицкоски на ТВ 24
Foto

Жестока дебата на Заев и Мицкоски на ТВ 24

Во денешното предизборно соочување на лидерите на двете најголеми политички партии СДСМ И ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, двајцата жестоко дебатираа на темите „Рекет“, судство, корона кризата и изборите.

Заев потенцираше дека целиот случај бил за пари, а блокирањето законот за ЈО било за случајот „Империја“.

„Сега веќе согледавме дека се работи за поткуп, добро осмислен, организиран и поддржан од Мицкоски да се спроведе преку Орце Камчев, Зоран Кичевскиот, Катица Јанева и Боки 13.Се работело само за пусти пари, за финансирање на кампањата, за парите за партијата. Можеби и за лични пари.“ - рече Заев.

Мицкоски категорично одрече се и вели дека имале три години да докажат и е далеку од вистината.

„Не морало ова лице кое го спомена и со кое другарува тој и луѓе од неговото семејство да им оставува нелегални снимки и тие да ги сечат и да ги објавуваат. Можеле да ме прашаат и ќе им кажев што е тој разговор.“ - рече Мискоски.

Во врска со претстојните избори, Заев потенцираше дека СДСМ нема да дозволи партијата да биде под никаква уцена.

„Јас сум кандидатот за премиер и јас ќе бидам идниот премиер со тие што же направиме парламентарно мнозинство. Ако условот биде да мора да бидеме со ДУИ, нема да преговараме со нив. Сум спремен да му отстапам во разговор со нашите пратеници 13 пратеници на Мицкоски зошто толку ќе му требаат за 61 пратеник, тој да формира малцинска влада. Или ќе бараме од него да ми отстапи 6, оти толку ќе ни требаат нас за да формираме малцинска влада. Никој не смее под уцени да преговара.“ - рече Заев.

Мицкоски потренцираше дека 15 јули е терминот граѓаните да решат каква иднина да имат и за СДСМ само математиката одземање и делење е добра. 

„ВМРО-ДПМНЕ ќе ја предводи идната влада и постојат луе кои се дел од коалицијата „Можеме“ а кои се на пратеничките листи и во иднина ќе ја поддржат политиката на неговата партија. После 15 јули на ВМРО-ДПМНЕ можеби и не му требаат повеќе од еден или двајца пратеници од коалицијата „Можеме“ за да подржи влада со полн легимитет. Верувајте ги има повеќе во овој изборен пеиод кои намигнуваат и сакаат да ги подржат политиките на коалицијата „Обнова за Македонија.“ - рече Мицкоски.

0 Коментари

Остави коментари