Жерновски за тв 24: Вакви спорови се решавале и по 10 години и овој процес ќе потрае
Foto

Жерновски за тв 24: Вакви спорови се решавале и по 10 години и овој процес ќе потрае

Андреј Жерновски, екс-заменик министер за надворешни работи и член на ЦО на СДСМ во дебата со Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со изјавата на Вареји и добро му е познат ставот на земјите членки кои не подржуваат во овој процес на прошитувањето на ЕУ.

„Тој став веќе наиде на критика на европските социјалисти кои дадоа подршка на нашата влада.“ - рече Жерновски.

Рече дека кавгите ништо добро нема да донесат и ние ќе трпиме штети, но и другите. Потенцираше дека не може само со опозицијата да се договорат. Поради добрососедска политика со Бугарија и грција влеговме во НАТО.

„Во барањата за избори се гледаат шизофрени ставови на партијата, односно контрадикторни. бараме избори, ама не одиме на избори, бараме парламентарни вонредни, ама не одиме на локални.“ - рече Жерновски.

Потенцираше дека не бегаат од дебата во Собранието. Во врска со ставовт на мешовитата историска комисија, рече дека нема македонец кој не сака решение. Сите знаеме што значи вето, рече Жерновски.

„Вакви спорови се решавале и по 10 години и овој процес ќе потрае, но разумен пристап. Така дојдовме и до решение со Грција и се надеваме на поддршка од сите.“ - рече Жерновски.

0 Коментари

Остави коментари