Жбогар: „Рекет“ покажува дека обвинителството се бори против корупцијата
Foto

Жбогар: „Рекет“ покажува дека обвинителството се бори против корупцијата

Се трудам да го гледам случајот „Рекет“ од позитивен аспект и сметам дека тој покажува оти Јавното обвинителство се бори против корупцијата, изјави шефот на делегацијата на Европската Унија во Скопје, Самуел Жбогар.

Според него, видливо е дека во земјава се поставува судска пракса за борба против корупција на високо ниво и изрази поддршка на Јавното обвинителство со цел да биде поангажирано и да работи на вакви случаи.

Евроамбасадорот смета дека СЈО беше многу корисно и важно во својата работа и случаите што ги покрена, а таму е концентрирана голема експертиза и знаење и сметам дека тоа знаење и понатаму треба да се користи.

 

0 Коментари

Остави коментари