Зголемено количеството на превезена стока во товарниот, железничкиот и авио превозот
Foto

Зголемено количеството на превезена стока во товарниот, железничкиот и авио превозот

Во второто тримесечје од 2021 година во патниот патнички превоз бројот на превезените патници изнесувал 561 илјадa, во градско-приградскиот превоз 8 960 илјади, во железничкиот превоз 64 илјади, додека бројот на превезените патници во воздухопловниот превоз бил 238 682.

Според Државниот завод за статистика, во второто тримесечје од 2021 година, во споредба со второто тримесечје од 2020 година, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 23 отсто, во железничкиот превоз е зголемено за 20,9, додека во воздухопловниот превоз е зголемено за 128,2 процента.

0 Коментари

Остави коментари