Зголемен бројот на илегални премини, но и на кривични пријави за криумчарење мигранти
Foto

Зголемен бројот на илегални премини, но и на кривични пријави за криумчарење мигранти

Македонските полициски службеници во првите 9 месеци од годинава спречиле повеќе од 5.000 обиди за илегално преминување на македонската граница за разлика од минатата година, од кои дури 97 отсто се од соседна Грција.

Ова се последните податоци од МВР која лани регистрирала 13.143 обиди за илегални преминувања, а заклучно со септември година 18.448 обиди и тоа најмногу на државјани од Пакистан, Авганистан, Бангладеш и Индија. 

Полицијата речиси секојдневно по македонските патишта открива мигранти, а неодамна спречи и организирана 14-члена група за криумчарење. Од кој дел завршија во притвор. 

Министерот Оливер Спасовски тврди дека контролите и понатаму ќе бидат засилени.

Статистиката на МВР тврди дека за 30 одсто зголемени се случаите за организирано криумчарење на мигранти во првите 9 месеци од годинава во однос на истиот период од лани. 

Спречиле да бидат криумчарени 1.106 мигранти од кои најмногу од Пакистан, Бангладеш и Авганистан, а во помал број од Сирија Еритреја и Ирак. Против 64 лица претежно од земјава се поднесени соодветни кривични пријави, 38 одговараат за криумчарење мигранти.

0 Коментари

Остави коментари