Згасна трет детски живот поради морбилите
Foto

Згасна трет детски живот поради морбилите

Тринаесет месечно бебе од тетовскиот регион синоќа почина на клиниката за детски болести, поради компликации од мали сипаници. Според надлежните детето немало претходни хронични заболувања и не било вакцинирано. За три дена ова е трет смртен случај од морбили. Излегува ли епидемијата надвор од контрола? Здравствените власти апелираат родителите најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината. Епидемилозите се категорични дека нема друг начин на заштита од морбили освен вакцинација. На родителите им порачаа да не веруваат во се што ќе прочитаат на социјалните мрежи.

Денеска заседаваше и Комисијата за заразни болести. Надлежните ќе ги повикуват децата со наполнети 6 месеци кои живеат на територија на град Скопје да се вкцинирааат во вакциналните пунктови со МРП вакцина. Од министерството апелираат доколку родителите се посемневаат на симптоми на морбили, децата прво да ги однесат на матичен лекар или во педијатриските пуктови во поликлиниките Јане Сандански, Ѓорче Петров и Бит пазар.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ побараа оставка од министерот за здравство. Обвинија дека Владата и министерството не се способни да го средат хаосот во здравството. Лидерот на опозицијата Мицкоски и порача на владата ако не знае како да се справи со состојбите да ги праша ВМРО ДПМНЕ.

„Колку животи треба да се изгубат за да овие луѓепреземат одговорност.“ - изјави Христијан Мицкоски – Лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Во текот на вчерашниот ден седум нови случаи на морбили се регистрирани. Една 32годишна жена од Сарај и две деца на возраст од година ипол од Кисела Вода се задржани во болница. Сите биле невакицнирани. На инфективната клиника во моментов има вкупно 26 пациенти со морбили од кои 4 се возрасни, 22 се деца, а најголем дел до нив се на едногодишна возраст. Како резултат на компликации од морбили претходно починаа 13 месечно бебе од Свети Николе и шест месечно бебе од кумановско.

0 Коментари

Остави коментари