Зенели не чувствува лична одговорност, Царовска тврди дека не знае кој е одговорен за аферата со пензиите
Foto

Зенели не чувствува лична одговорност, Царовска тврди дека не знае кој е одговорен за аферата со пензиите

Директорот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување не чувствува одговорност за скандалот со 12 илјади осигуреници кои останаа без пари во вториот пензиски столб. Шаип Зенељи вели дека долгот од 19 милиони евра кон овие осигуреници ќе биде вратен, а парите не се украдени туку се користеле за исплата на пензии.

Зенељи тврди дека од 2006 година службениците во ПИОМ предупредувале дека нешто шкрипи и дека има системски проблем, но нема објаснување зошто изминатите години властите не презеле ништо ...Дали случајот сега се користи за дневна политика....Министерката Царовска негира. Чека обвинителството да го најде виновникот. Но што прави власта сега да спречи во иднина да не останата без пари на сличен начин и другите осигуреници.

Вицепремиерот Бујар Османи им порача на медиумите дека ќе добијат тужби ако ја поврзувале неговата политичка партија со скандалот со пензискиот фонд, а изјавата на министерката Мила Царовска ја нарече „несреќна“. Не станува збор за злоупотреба на ниту еден денар и побарав и од министерката и од Фондот да излезат и да објаснат пред граѓаните дека тоа е лажна вест, рече Османи.

0 Коментари

Остави коментари