Земјотрес во Индонезија, штети на островот Бали
Foto

Земјотрес во Индонезија, штети на островот Бали

Земјотрес со јачина од 5,7 степени денеска го погоди островот Бали и други индонезиски острови.

Засега нема извештаи за евентуални настрадани. Причинета е материјална штета.

Епицентарот на земјотресот бил во морето, 82 километри југозападно од Денпасар на Бали и на длабочина од 91 километар, соопшти Американскиот геолошки институт.

Индонезиската агенција за геофизика, пак, соопшти дека нема опасност од цунами.

Агенцијата за природни катастрофи на Твитер објави фотографии од оштетени куќи и џамии на островот Јава, како и од оштетениот хиндуистички храм на Бали. Исто така, штета претрпе и луксузното одморалиште на Бали.

Главната болница во Денпасар ги евакуираше пациентите, а евакуирани се и голем број училишта и хотели.

0 Коментари

Остави коментари