Земјотрес од 6,8 по Рихтер ја погоди Турција – најмалку четири жртви
Foto

Земјотрес од 6,8 по Рихтер ја погоди Турција – најмалку четири жртви

Најмалку четири лица ги загубија животите во денешниот земјотрес што ја погоди Источна Турција со интензитет од 6,8 степени по Рихтеровата скала. Тоа го соопшти министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу.

– Се надеваме дека нема да има други жртви. Според сегашните информации загинати се четири лица – двајца во Елезиг и двајца во Малатија, изјави Сојлу.

Во градот Сивирцу десет згради се срушиле и бројот на жртвите се искачи на осум, но се стравува дека бројката ќе се зголеми, бидејќи повеќето од станарите биле во своите домови.

0 Коментари

Остави коментари