Земјоделците до крајот на годинава можат да поднесат барања за легализација на фармите
Foto

Земјоделците до крајот на годинава можат да поднесат барања за легализација на фармите

До крајот на годинава земјоделците можат да достават барања за легализација на изградените објекти, фарми на градежно земјиште. Со измените на Законот за постапување со бесправно изградените објекти, под надлежност на Министерството за транспорт и врски, рокот за легализација на дивоизградените објекти е продолжен за една година. Барањата за легализација треба да се поднесат во општините на живеење.

Продолжувањето на рокот, како што соопштуваат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е со цел да им се излезе во пресрет на големиот број  граѓани, вклучително и на земјоделците, кои досега не ја завршиле постапката за легализација. Досега бројот на земјоделските стопанства и чии што објекти се легализирани е исклучително мал и поголем број од истите ја немаат искористено можноста која ја имаше понудено законот. Нерегулираниот статус на објектите за земјоделска намена на градежно земјиште негативно влијае на можноста за модернизација и реструктуирање на земјоделските стопанства кои се занимаваат со сточарство и ги оневозможува стопанствата во користење на државната финансиска помош за земјоделството.

Можноста за легализација на фармите е од голема важност за земјоделците. Со стекнување имотни листови, самите фарми ќе добијат и финансиска вредност, која што земјоделците ќе можат да ја искористат за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на фармите. Воедно, со легализацијата ќе можат да остварат право за аплицирање за мерките од ИПАРД програмата и од Националните програми, што ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството.

0 Коментари

Остави коментари