ЗЕМЈИШТЕТО КУПЕНО ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ, ИНВЕСТИТОРОТ СЕ УШТЕ НЕ ПОЧНАЛ СО ГРАДБА
Foto

ЗЕМЈИШТЕТО КУПЕНО ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ, ИНВЕСТИТОРОТ СЕ УШТЕ НЕ ПОЧНАЛ СО ГРАДБА

Иако ги проби законските рокови, општина Штип нема да го раскине договорот со фирмата што ги купи парцелите кај поранешниот градски базен во Штип. Градоначлникот тврди дека во договорот склучен во непосредна спогодба на една од парцелите има одредби што го спречуваат тоа. На негова иницијатива  се сретнал со инвеститорите  и тие ветиле дека проектот за спортско рекреативен центар ќе се реализира.

Според Законот за градежно земјиште при продажбата, во договорот мора да има и рок за кој објектот треба да биде изграден, согласно категоријата за градба. А такви услови биле утврдени и во одлуката на штипскиот Совет за продажба на земјиштето.

Најповолниот понудувач има обврска во рок од 6 (шест) месеци од денот на склучување на договорот за купопродажба на недвижноста да добие одобрение за градење согласно изработениот основен проект обезбеден од Општината Штип, со што ќе отпочне со реализација на ДУП СРЦ Брегалница, а спортско рекреативниот центар да го изгради најдоцна во рок од 2 години по добивање на одобрението на градба.“ - пишува во Службен гласник на општина Штип.

Но иако Договорот за продажба на земјиштето е склучен во Август 2017, досега не е побарано ниту одобрение за градба. Во последниот разговор со инвеститорот што го купи земјиштето, Оаза екстра-Скопско добивме одговор дека тие не се откажуваат од проектот, а работите се одолжиле поради измена на проектот.

Инаку оновниот проект за овој спортски центар е готов уште во 2006-та, а неговата изработка  чинеше околу 20,000 евра, грант што се реализираше преку ИПР. А додека штипјани чекаат урантините кај градскиот базен да станат аква парк и хотели, сегашната локална власт турка проект за нов рекреативен центар, но на друга локација, во месноста Суитлак. За него Советот на општина Штип  веќе донесе одлука да се реализира преку јавно-приватно партнерство.

0 Коментари

Остави коментари