Зекири и Лукаревска поднесоа оставки
Foto

Зекири и Лукаревска поднесоа оставки

Пратениците Мухамед Зекири и Сања Лукаревска од СДСМ и Бајрам Кадрија од ДУИ поднесоа оставки во Собранието. Оставките доаѓаат бидејќи тројцата ќе бидат именувани на директорски позиции. Како што објави веќе ТВ 24, Зеќири преминува во Фондот за здравство, Лукаревска во УЈП, додека, пак, Кадрија во АЕК.

На денешната собраниска седница, освен нивните оставки ќе биде констатирана и оставката на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Дурловски, по што ќе се случи верификација на новите мандати на пратениците коишто се следни на листите.

0 Коментари

Остави коментари