Здружени капацитетите на СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција
Foto

Здружени капацитетите на СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција

Клучната гаранција е финансиската независност која претставува основниот столб и предуслов за независност на секоја институција, па и на Јавното обвинителство. Исто така и јавните обвинители во постојното СЈО продолжуваат да ја вршат својата функција како јавни обвинители во новоформираното јавно обвинителствоПостојните вработени и истражители во постојните обвинителства преминуваат во новоформираното обвинителство, како и архивата, материјалните средства и опремата.

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во:

„Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција“.

Надлежностите од двете постојни јавни обвинителства преминуваат во новоформираното Јавно обвинителство, кое продолжува да ги води започнатите постапки во фазата во која се преземени. Воедно, се обезбедува континуитет во функционирањето: Обвинителите и истражителите кои работеле досега, ќе продолжат да ја вршат својата работа во ова обвинителство.

Јавното обвинителство за гонење криминал и висока корупција ќе биде надлежно за најсложените форми на организиран криминал и висока корупција, позната како корупција на белите јаки. Така се дефинирани и неговите надлежности како здружување од надлежностите на двете постојни јавни обвинителства.

0 Коментари

Остави коментари