Здравствените власти ја разгледуваат можноста за набавка на кинески вакцини
Foto

Здравствените власти ја разгледуваат можноста за набавка на кинески вакцини

Здравствените власти во земјава можно е да набават и кинески вакцини. Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за емисијата „360 степени“ на ТВ Алсат изјави дека со помош на кинеската амбасада во земјава веќе се остварени контакти со тамошните производители на вакцини. 

До крајот на неделава според Филипче ќе се знаат и деталите околу центата и испораката на вакцините. Кинеските вакцини „влегуваат во игра“ откако компанијата Фајзер која прва доби зелено светло за употреба од Европската Агенција за лекокви - потфрли во дистрибуцијата на вакцините и голем број на земји останаа без нив. 

Кинеските вакцини не се одобрени од Европската Агенција за лекови – иако претходно министерот Филипче изјави дека пред набавка на вакцини ќе чекаат да видат дали оваа Агенција ќе ги одобори сега вели дека сосема соодветни биле и документите што сите производители на вакцини ги имаат од своите земји. За кинеските вакцини Филипче вели дека нема  сомнеж во нивниот квалитет.  

„Сосема соодветни се документите, сертификатите што сите производители на вакцини ги имаат од своите матични земји. Во таа смисла, начинот на кој се евалуираат сите резултати од клиничките студии, процесот на изработка на вакцините, конкретно овие за кои зборуваме, е одлично познат на нашите експерти. Токму тоа го анализираа буквално за сите вакцини кои се сега на пазарот, така што, нема никаква административна пречка и, секако, дека нема сомнеж во нивниот квалитет“ - смета Филипче.

Земјава не се откажува и од планираните дози преку Ковакс-механизмот, за што е најавен состанок в петок на кој треба да се прецизира кога и колкава количина вакцини ќе дојдат во земјите кои аплицираа преку овој механизам. 

Се чека и одговор на „Фајзер“ во делот на деталите од договорот и дозвола за количините кои треба да пристигнат од Србија. Филипче вели дека се обидуваат да обезбедат количини од сите производители за кога ќе започне процесот на имунизација да нема пауза.

0 Коментари

Остави коментари