Заврши ерата „Меси или Роналдо", Златната топка ја освои Модриќ
Foto

Заврши ерата „Меси или Роналдо", Златната топка ја освои Модриќ

Лука Модриќ ја освои „Златната топка“ и ја прекина десетгодишната доминација на Лео Меси и Кристијано Роналдо. По точно десет години, фудбалот добива нов најдобар фудбалер на годината откако точно една деценија Лео Меси и Кристијано Роналдо ја добиваа „Златната топка“. Кристијано Роналдо овој пат беше втор, третото место му припадна на Антоан Гризман, четврти беше Мбапе, а петти Меси. За прв пат беше доделена и „Златна топка“ за најдобра фудбалерка, неа ја доби норвежанката која игра за Лион, Ада Хегерберг. За прв пат беше доделена и награда за најмлад фудбалер, таа му припадна на Килијан Мбапе.

0 Коментари

Остави коментари