ЗАТВОРЕНИК ЗА „ДИВА НАСЕЛБА“ Ѝ ДАЛ НА ФЕТАИ ПРИСЛУШУВАНИ МАТЕРИЈАЛИ
Foto

ЗАТВОРЕНИК ЗА „ДИВА НАСЕЛБА“ Ѝ ДАЛ НА ФЕТАИ ПРИСЛУШУВАНИ МАТЕРИЈАЛИ

Шефќет Халачи, осуден на 40 години за нападите во Диво Насеље во јуни на обвинителката Фатиме Фетаи и испратил прислушувани разговори за случајот „Монструм“.  Халачи и пишувал на обвинителката на приватниот телефон преку „WhatsApp“ апликацијата, додека е во затвор, но од каде ги добил материјалите, не кажал.

Следниот ден, Катица Јанева потпишала наредба за преснимување и утврдиле дека  се работи за бомби кои јавноста веќе ги слушнала, од Али Ахмети со непознато лице, новинарката Оливера Трајковска и Орце Камчев.

На судскиот процес за Монструм, обвинителите од СЈО предложија нов извештај од МВР со детали од направениот увид кај Смилковските езера, но и крим вештачењата. Комисијата , со потпис на министерот Оливер Спасовски констатирала недостатоци од увидот. Траги од земја не биле обележани со идентификационен број, не се чувани во посебни простории извсен период. Обвинетите толкуваат дека овој извештај оди во прилог на нивните варијанти за убиствата.

Семејствата на убиените момчиња се нестрпливи за процесот да се забрза и каков ќе биде исходот на повтореното судење. Забележуваат дека овој пат постапката се води подетално.

Обвинителите очекуваат извештајот и останатите  докази да ги отстранат сите шпекулации околу локацијата каде што се убиени момчињата и рибарот, но и извршителите. Петкратното убиство се случи во април 2012-та година, се уште нема правосилно осудени, а адвајцата обвинети Алил Демири и Африм Исмаиловиќ  кои се водат како директни извршители се уште се во бегство.

0 Коментари

Остави коментари