Затворени се повеќе угостителски објекти во неколку градови
Foto

Затворени се повеќе угостителски објекти во неколку градови

Во време на вонредна состојба на ниво на држава, дојде до големи промени во секојдневниот живот , времето на изолација и прекинот на наставата ги зголеми обврските на родителите, но и децата стануваат нетрпеливи затворени долг временски период во затворен простор . За родителитете ова е голем предизвик, вели за ТВ 24 психологот Вида Гавриловска, која упатува апел до родителите на поголема трпеливост кон децата во време на изолација, како и да се валидизираат сите нивни емоции, позитивни и негативни .

Според Гавриловска, децата треба да знаат што се случува , родителите треба да им ја укажат сериозноста на состојбата на своите деца, за да може да ги почитуваат препораките, но притоа да не ги препотоваруваат децата со детали.

Секојдневието на децата им е целосно променето , сите претходни активности им се прекинати, обврските на родителите дополнително се зголемени со интерактивната настава , но ова е можност родителите да поминат повеќе време со своите деца и да им посветат повеќе внимание на своите деца. Според Гавриловска, во вакви моменти најважна е грижата за менталното здравје, како за децата така и за целокупното население.

0 Коментари

Остави коментари