Затворање на каменоломите во Лабуништа бараат жителите на селото
Foto

Затворање на каменоломите во Лабуништа бараат жителите на селото

Во среде зеленило и чист воздух, Лабуништа е плодна долина за развој на бизнис. Секој кој посакал добил каменолом се жалат жителите. Прашина, детонации, соголени ридови и експлозии се слушаат секој ден во ова село. Лабуништани велат животот им станал неподнослив а здравјето уништено. Во куќите од силните детонации им се распукале зидовите, а наместо чист воздух секој ден вдишуваат силна прашина.Со години алармираат но наместо слух од надлежните наидуваат на раст на бројот на каменоломи.

Каменоломите им ја уништиле и почвата и родот.Се зголемил и бројот на граѓани со респираторни проблеми. Никој не презема ништо, а состојбата станува се полоша велат мештаните.

Од Општина Струга не одговорија на нашите прашања како ќе им помогнат на жителите на ова село но официјално според Министерството за економија на територијата на општина Струга биле доделени вкупно 20 договори за концесии за експлоатација на минерални суровини, од кои сите поседувале дозвола за експлоатација. 

„Постапката за доделување концесија за детални геолошки истражувања започнува со поднесување на иницијатива до органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на минералните суровини. Покрај органите на државната управа, по службена должност се бара мислење и од единицата на локалната самоуправа." – велат од Министерство за економија.

Лабуништани бараат итни мерки за запирање на постоечките но и забрана за градба на нови каменоломи или во спротивно најавуваат дека ќе ги радикализираат протестите.

Инаку во 2016 година беше формирана и локална комисија од општински инспектори која требаше да утврди што се случува на терен и какво е влијанието на каменоломите врз животната средина.Но таа воопшто не профукционира, а локалното население и три години потоа се уште ги трпи последиците.

0 Коментари

Остави коментари