Застој во мелничката индустрија поради фиксираните цени, трговците продаваат српско брашно
Foto

Застој во мелничката индустрија поради фиксираните цени, трговците продаваат српско брашно

Намерно или ненамерно уништување на мелничката индустрија, една од малкуте што работи во моментов, што дава плати и плаќа придонеси и даноци. Вака млинарите ја оценуваат владината Одлука со која се забрани покачување на цената на основните производи, односно се наложи тие да останат до нивото на кое биле заклучно со 11 март годинава.

Според мелничарите, цената на пченицата и на превозот од Србија е зголемена, а тие не смеат да го поскапат брашното. Но, Одлуката, велат, дозволува зголемување на цената на увозното брашно. Затоа бараат нејзина итна измена и предупредуваат дека поради ваквата ситуација работењето им е во застој.

Пченицата што ја купуваат од Србија е поскапена за 20 евра по тон, а превозот околу 10 евра по тон. Според него, ако ситуацијата не се надмине последиците ќе бидат катастрофални и за претстојната жетва која следува за три месеци, како и за земјоделците.

Проблемот е, додава, или правно нејасна Одлука или „нешто друго“. Негова оценка е дека истиот проблем го имаат и производителите на масло за домашна употреба, како и сите други индустрии кои произведуваат производи наведени во Одлуката. 

Мелничарите денеска најавуваат средба во Министерството за економија и очекуваат решавање на проблемот.

0 Коментари

Остави коментари