Засега слаб интерес за резервации за прослава на празниците во Охрид и Струга
Foto

Засега слаб интерес за резервации за прослава на празниците во Охрид и Струга

Многу мал е интересот за букирање на сместувачките капацитетите и во Охрид и Струга. Барем засега. Туристичките работници велат дека лани иако пандемијата беше посилна на удар овој период се бележеле многу повеќе резервации.

Особено од соседите и најмногу во приватното сместување. Оваа година е многу послабо. Претпоставката е дека пречка за рана резервација е новиот сој на корона вирусот кој во голем дел ги плаши луѓето да патуваат.

Дел од туристичките работници се на ставот и дека проблемот лежи и во тоа што центрите како Охрид и Струга не нудат некоја голема понуда која би донела туристи за празниците. Оваа година од општината најавија дека прославата на плоштадот ќе биде со локални музичари а градот ќе биде скромно украсен поради енергетската и ковид криза.

Од Агенцијата за поддршка на туризмот пак даваат оптимистички информации. Според нивната статистика 2021 година се покажала како поуспешна од 2020та.

Очекувањата се дека поголема раздвиженост ќе има за католички Божиќ и Нова година. Најчести повторно ќе бидат соседите од Бугарија, Грција, Србија и Албанија.

0 Коментари

Остави коментари