„Заробениот ветер” e новата претстава на театар „Сенки и облаци“
Foto

„Заробениот ветер” e новата претстава на театар „Сенки и облаци“

Премиерата на новата претстава на театар „Сенки и облаци“ насловена „Заробениот ветер“ ќе се одржи утре (16 октомври) во 19:00 часот . Во нов театарски формат – кутија и интимна атмосфера од само четворица во публиката, ова 7-минутно доживување ја разгледува темата на загадувањето на природата низ призмата на една птица.

Премиерата ќе се одвива во независниот уметнички простор на театар „Сенки и облаци“ во Дебар маало, каде претставата ќе биде неколкукратно изведена, а во согласност со пропишаните протоколи за настани од јавен карактер. „Заробениот ветер“ е наменета за сите мали и големи деца кои се љубопитни да ѕирнат во кутијата со сенки, а влезот е бесплатен.

Веќе во вторник, 19 октомври „Заробениот ветер” ќе го има своето гостување во основното училиште „Џемаил Мустафа“ во Приштина, по што претстојат изведби на матичната сцена во Скопје, но и други културни манифестации ширум државата.

Претставата е плод на истражувачкиот процес со „Artpolis“ од Косово, а во рамките на проектот „Culture Box“како дел од иницијативата READ (Regional Network for Cultural Diversity) во локална имплементација на Гете институт Скопје и Лоја.

0 Коментари

Остави коментари