ЗАПЛЕНЕТИ 16,5 ТОНИ ЦИГАРИ И 13 ТОНИ ТУТУН НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАНИЦИ
Foto

ЗАПЛЕНЕТИ 16,5 ТОНИ ЦИГАРИ И 13 ТОНИ ТУТУН НА МАКЕДОНСКИТЕ ГРАНИЦИ

Државата трпи милионски загуби поради шверцот на тутун, царинската управа во две одделни акции спречила внес на30 тони нелегален тутун и цигари.

За само еден месец на граничните премини Табановце и Богородица запленети се над 1100 пакети или околу 11 милиони парчиња нелегални кинески цигари, и околу 13 тони тутун во лист. Доколку тие цигари односно тутунот се нашле на домашниот пазар државниот буџет би претрпел штета од околу еден милион евра.

Како што обелодени директорот на Царина станува збор за цигари со кинеска марка „Ashima luhoru size“ и „Marble de luhe“ и истите според Танасовски доаѓаат од земја каде постои фабрика за производство на цигари во сопственост на кинеската компанија.

По двете одвоедни акции на царинската управа сега на ред да постапува е обвинителството. Обвинители од Куманово и Гевгелија откако ја добиле целокупната документација, ќе ги испитуваат фирмите, но и физичките лица вмешани во нелегалниот шверц. На шверцерите им се заканува казна затор од 1 до 10 години.

Пред околу еден месец во голема акција на финансиската полиција заплена на тутун имаше и во скопско Љуботен. Одземени беа 12 тони од сортата Вирџинија, тутун кој од соседните земји го увезле домашни фирми а потоа го продале на физички лица за дополнителна обработка и продажба.

0 Коментари

Остави коментари