Запалени автомобили на булеварот „АСНОМ“
Foto

Запалени автомобили на булеварот „АСНОМ“

Околу 9:10 часот утрово во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „АСНОМ“ на паркинг имало целосно опожарено патничко возило, потврдуваат од МВР за МИА и додаваат  дека нема повредени.

– Од страна на полициски службеници е излезено на местото на настанот и е констатирано дека целосно е опожарено патничко моторно возило „сеат алтеа“ со скопски регистарски ознаки сопственост на М.Ј.(35) од Скопје, а делумно биле опожарени две патнички моторни возила „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки сопственост на И.Н.(41) од Скопје и патничко возило „мерцедес“  со скопски регистарски ознаки  К.С.(73) од Скопје, соопшти МВР.

0 Коментари

Остави коментари