Замрзнувањето на цените ги загрижи земјоделците од кочанско
Foto

Замрзнувањето на цените ги загрижи земјоделците од кочанско

Замрзнувањето на цената на оризот може да им зададе дополнителен удар на земјоделците.

Во време кога килограм арпа се продава по 18 денари, половина од оризот стои во амбарите, а тие се уште чекаат остварување на владините ветувања за интерветни субвенции, најавата за замрзнување на цената, според нив, би значело катастрофа за оваа гранка.

Македонија е зависна од увоз на храна. Тоа значи дека и цените ги диктираат светските берзи. Засега трендовите се дека цените на одредени производи на берзите ќе паѓаат во наредните неколку месеци, но нема да вратат на ниво пред ковид кризата.

Според научната јавност замрзнувањето на цените на краток рок може да го заштити стандардот на граѓаните. Долгорочно потребни се и други мерки за производителите и увозниците.

Немањето стратетија за оризот, за земјоделците, значи хаос и намалување на засеаните површини. Она што дополнително ги лути е што нивните три денари по килограм арпа, зависат и од крајот на политичката криза во државата. 

Во кочанско околу 3500 семејства егзистираат од одгледување ориз, а годишното производство се движи околу 16.000 тони.

0 Коментари

Остави коментари