Заложничка криза во Москва, напаѓачот се заканува со експлозија
Foto

Заложничка криза во Москва, напаѓачот се заканува со експлозија

Непознат напаѓач зема заложници во стан во северниот дел на Москва и се закани дека ќе активира експлозивни направи, јавија руските медиуми повикувајќи се на извор од службите за итни случаи.

– Непознато лице држи заложници во еден стан. Напаѓачот тврди дека има експлозивни направи и планира да ги активира, изјавил неименуван извор за руските медиуми.

0 Коментари

Остави коментари