Законот за ЈО пред пратениците најрано на 29 јули, може да се донесе до крајот на август
Foto

Законот за ЈО пред пратениците најрано на 29 јули, може да се донесе до крајот на август

Ако политичките субјекти во Парламентот успеат да се усогласат околу законот за ЈО – тој може да биде донесен до крајот на август посочи собранискиот спикер Талат Џафери на брифингот со новинарите. Законот за Јавно обвинителсвто, со кој СЈО треба да стане дел од Јавното обвинителство за организиран криминал денеска помина на владината седница, и влегува во собраниска процедура. 

Според претседателот на Законодавниот дом првата собраниска седница на која ќе се расправа за законот може да биде закажана веќе следната недела, но пред да биде законот ставен на маса пред пратениците според Џафери најважно е тие да постигнат консензус по ова прашање. 

Од власта и повторија оти се надеваат дека ќе проработи света кај сите пратеници и ќе се добијат мнозинство гласови за законот - Опозицијата и од македонскиот и од албанскиот блок, пак е со свои услови.  

Откако Обвинителството вчера го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на специјалната обивнителка во оставка Катица Јанева, и по најавите дека можно е проширување на истрагата за слуачјот Рекет - Џафери вели засега вмешаноста на дел од пратениците во овој случај се само шпекулации и хипотези, кои собранискиот спикер не сакаше да ги коментира, но посочува доколку е потребно Парламентот ќе постапува соодветно. 

Џафери вели пратениците знаат дека треба да се подготвени во случај на итност и порано да го завршат својот годишен одмор.  

Обвинителството за организиран криминал случајот „Рекет“ во кој прво осомничен е Бојан Јовановски или во јавноста познат како Боки 13 и Зоран Милевски, го обелодени минатата недела. Милески заедно со Боки 13 сега е во притвор под сомнение дека земале рекет. Според предистрагата, во периодот од април 2018 до април 2019 година тие наводно барале рекет од Камчев од 8 милиони евра, за преку јавна обвинителка да биде олеснета постапката што се води против него за случајот на СЈО со кодно име „Империја“. 

Новото СЈО според предлог законот ќе се преименува во ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела теритоија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција. 

Обвинителите од СЈО, пак можат да продолжат да работат во ова ново обвинителство, нивниот мандат истекува на 15 септември, но тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат. Истото важи и за останатиот персонал, а архивата, опремата ќе бидат префрлени во новото обвинителство.

0 Коментари

Остави коментари