Захариева за тв 24: Ивермектин да не се зема на своја рака
Foto

Захариева за тв 24: Ивермектин да не се зема на своја рака

Директорката на општата болница во Куманово, доктор Снежана Захариева во емисијата 24 анализа, истакна дека лекот ивермектин ветува скратување на времетраењето на лекувањето. Таа вели дека не постои волшебен лек, дури ниту витамини не смеат да се земаат на своја рака.

„Треба да добиеме добри протоколи во врска со препишувањето на овој лек и не секој да се зема овој лек на своја рака.“ - вели доктор Захариева.

Захариева вели дека во Куманово, се уште немаат протокол за користење на лекот и го очекуваат наредната недела. Од литература и искуство, се запознаени со ефикасносста на лекот. Лани марти и април беа навистина тешки, вели захариева и имале проблем со кадарот.

Моментално ситуацијата бележи намалување на бројките и сега имаат 65 хоспитализирани пациенти и последните две недели имаат 230-280 прегледи. Се намалува и бројот на починати лица. Захариева потенцираше дека не смееме да се опуштиме сега.

0 Коментари

Остави коментари