Захариева: Немаме согласност по сите прашања со Скопје за да кажеме „да“
Foto

Захариева: Немаме согласност по сите прашања со Скопје за да кажеме „да“

Ќе добие ли Македонија бугарско вето во грчки стил ? На отворената врата кон ЕУ, која Германија ја држи со сите сили, засега стои бугарска блокада – ќе има ли црвен картон за датум во декември или официјална Софија ќе попушти?

Шефицата на бугарската дипломатија Захариева, денеска од домашна самоизолација не заборави да повтори дека нема промена на нивниот став, додека бугарскиот претседател ретерира.

Екатерина Захариева МНР Бугарија - Нема како во оваа фаза да му кажеме „да“ на Скопје. Во овој момент Бугарија не е во состојба да ја одобри рамката за преговори со Северна Македонија. Има договор за пријателство и добрососедство, кој е потпишан уште во 2017 година, но тој не се почитува. Кабинетот е обединет по прашањето за Македонија. Во постојан контакт сум со премиерот Борисов. Секакви шпекулации дека некој нешто ќе промени во последен момент не одговараат на вистината.

Захариева бара, како што вели – историска вистина, а според неа, Бојко Борисов на канцеларката Меркел пред два дена и објаснил дека напредокот не е доволен. Бугарскиот претседател Румен Радев пак ретерира . На неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмајер му кажал дека Бугарија е одговорна членка на Унијата и нема да дозволи билатералните прашања да го нарушат ЕУ единството. Радев побарал Меморандумот да биде ставен во Поглавјте 35 од преговарачката рамка за Македонија.

Румен Радев претседател на Бугарија - Доколку такво решение не е можно, нашата земја ќе работи на билатерален договор со Република Северна Македонија, во кој сите билатерални прашања ќе бидат решени во духот на пријателството и добрососедството

Професорот Фрчковски овие потези на Радев ги дефинира како отстапки.

Љубомир Фрчковски – Би била спектакуларна ако би била таква. Тоа е едно брзо повлекување. Не наидување на поддршка, практично повлкување. Знаете понекогаш е проблем да го спасите образот кога ќе отидете еднозначно во офсајт напред, тогаш е тешко да се повлечете, пошто срамота.

Утре е последен ден да се постигне консензус за преговарачката рамка на амбасадорско ниво во Брисел, за министрите следниот вторник на 10ти ноември формално да ја увојат политичката одлука за старт на преговори на Македонија со ЕУ.

0 Коментари

Остави коментари