Загуби на вода и до 60 проценти
Foto

Загуби на вода и до 60 проценти

Низ водоводната мрежа во Штип годишно се губи вода повеќе од она што заеднички го трошат домаќинствата и фирмите заедно.

Или ако во 2019-та се потрошени 5,6 милиони и фактурирани 2, 32 милиони кубни метри вода, 3, 3 милиони исчезнале, односно се загубиле 60 % од водата за пиење. Дел се техничка загуба поради дефекти, а многу мал број од загубите отпаѓа на  диви приклучоци. Сегашното раководство на ЈП Исар признава дека процентот на загуба на вода е преголем, но тврдат дека откако Штип ќе почне да добива вода од Злетовица, загубите ќе се намалат. 

Сегашната состојба е одраз на недостатокот на инвестиции низ годините. Загрижувачки е и податокот дека дури 35 % од водата во Штип тече низ азбесни цевки. Поранешниот директор на ЈП Исар, Никола Мицевски вели дека загубите на вода се поради застарениот систем,кражбите на вода но и недостаток на подземен катастар.

„Јас имав еден обид да поставам контролни водомери во секоја населба, но се покажа дека тој електронски систем е многу скап. Пари што реално ова јавно претпријатие ги немаше во тој период. Моравме да го плаќаме кредитот од два милиони евра, што мислам дека уште му тежи како обврска на ЈП Исар. Клучно според мене е да се вложи во изработката на тој подземен катастар. Тоа чини многу, но без тоа нема намалување на загубите на вода, вели Никола Мицевски.“ - поранешен директор на ЈП Исар. 

Сегашните средства се доволни за позитивно финансискио работење, но не и за сериозни инвестиции велат од Исар. Затоа побарале од Советот во наредните три  години цената на водата да расте. Барањето за повисока цена го правдаат со раст на трошоците и одлуката на Регулатрорната комисија. 

Статистички најголем процент од приходите на Исар одат за плати и за електрична енергија за филтер станицата. Во моментот има 368 вработени, но според систематизација има можност за вработување на уште стотина.  

Од Исар велат дека загубиите на вода ќе се намалуваат и со други инвестиции за што во наредните три години е планирано да се вложат 140 милиони денари. Загубата на вода не е проблем само на штипски Исар. Според последниот ревизорски извештај кочански Водовод има загуба на водата од близу 68 %.

0 Коментари

Остави коментари