Загинатиот рудар бил со договор за определено време
Foto

Загинатиот рудар бил со договор за определено време

Починатиот рудар во „Тораница“, 57 годишниот Блаже Миленковски од Крива Паланка бил ангажиран во рудникот со договор на определно време на три месеци, откри за ТВ 24 трудовиот инспекторат. Со договори на определно се и неговите двајца повредени колеги како и најголемиот дел од рударите, некои на три месеци некои на шест. Тоа според синдикатот, е главната причина зошто работниците се плашат од синдикално организирање. Стравуваат дека договорите нема да им бидат продолжени.

Конкретно работниците починатиот и двајцата повредени се на определено време. Починатиот работник како што гледам по документите пред мене е вработен од 17.08 2016 година. И другите се со договор на определено време со тоа што немаат прекин во работата туку континуирано им се продолжуваат договорите. Конкретно починатиот работник има склучено договор започнувајќи со ден на 1.07.2019 заклично до 30.09 2019 година.“ - изјави Моника Митровска Костовска, трудов инспректорат Крива Паланка.

Иако има синдикална организација во рудникот „Тораница“, таа повеќе од две години нема претставници. Последниот синдикалец, иако конкурирал кога „Булмак“ ги презел рудниците, воопшто не бил повикан на работа. А стравот дека истото ќе ги снајде и другите, ги обесхрабрил рударите.

„Не зборувам дека тоа е карактеристично баш само за Булмак тику напротив е како едно непишано правило, при одново рестартирање или при оформување на ново правно лице при изградба на нова фабрика како по правило сите вработувања се вршат на определено време. Тоа е страшна пречка за синдикалмното организирање бидејќи несигурноста на работното место, договорот на определено време е најнесигурен договор.“ - Маре Анчева, генерален секретар на СИЕР.

Според надлежните несреќата во „Тораница“ настанала при полнење на мински бушотини со експлозив, при што дошло до предвремено активирање на експлозивот. Рударскиот инспектор кој бил на увид во изјава за ТВ 24 рече дека најверојатно експлозијата се случила токму пред починатиот работник и најави дека ќе се испитува и квалитетот на капислата. Истрагата е во тек и надлежните се уште испитуваат дали главен виновник е човечкиот фактор или пак неквалитетни каписли.

И „Булмак“ потврди дека тие заедно со добавувачите на експлозиви и детонатори дополнително ќе ги утврдуваат околностите за несреќата. Денеска никој од директорите во Булмак не одговори на повиците и пораките на ТВ 24, за анонимните дојави од рудари до нашата редакција за тортура, отпуштања, работа без слободен ден и производство кое е невозможно да се реализира со тој капацитет на вработени во рудникот... Според официјалните податоци „Булмак“ лани имал раст на добивката од 47 проценти и ја завршил годината со профит од речиси 6,4 милиони евра.

0 Коментари

Остави коментари