Заев за акцијата “Двојник“: Успешна акција спроведена со меѓународни партнери
Foto

Заев за акцијата “Двојник“: Успешна акција спроведена со меѓународни партнери

Главниот соработник на италијанската мафија добил македонски пасоши, обвини денеска на прес конференција Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој покажа копија од пасош за која тврди дека Валид Иса Хмаис, кој важи за главниот перач на пари на италијанската наркомафија, на почетокот на 2019 година во Скопје во регуларна постапка добил пасош со украден идентитет на Македонец од Корча, Албанија. Мисајловски тврди дека највисокиот политички врв знаел за оваа афера но не сакаше јавно да каже на кого точно мисли.  

А премиерот Заев не отстапува од ставот дека не само што нема да има одговорност за некого туку треба да следи и награда. 

Во меѓувреме, случајот „Двојник“ добива нова димезнија. Еден од уапсените во оваа акција е веќе во притовр но не за издавање лажни пасоши туку е осомничен дека издавал фалсификувани возачки дозволи.

А шпанската полиција, во понеделникот му ја одзеде возачката дозвола на македонскиот фудбалски репрезентативец Енес Барди затоа што открила дека истата е фалсификат. Од Јавното обвинителство на Македонија за ТВ 24 велат дека поврзаноста на истрагите за лажните пасоши и за лажните возачки дозволи е во фактот што еден од уапсените е осомничен во двете постапки.

„По однос на постапка која се води пред надлежни органи во други држави, Основното јавно обвинителство Скопје не е известено за таквата постапка ниту пак е побарана соработка од шпанските органи.“ - велат од Јавно обвинителство на РСМ.

Фудбалерот на Валенсија Барди веќе објави дека возачката му е легална и дека приложил документ од МВР како потврда на неговото тврдење. Од МВР за ТВ 24 велат дека нивната соработка со шпанската полиција се одвива преку ИНТЕРПОЛ Скопје и ИНТЕРПОЛ Мадрид, како и со шпанскиот Офицер за врска. 

„Според евиденцијата на оформени предмети, шпанската полиција не се обратила до Секторот за меѓународна полициска соработка за вршење проверки по односната возачка дозвола за лицето за кое прашувате.“ - велат од Министерство за внатрешни работи.

Кривичниот суд Скопје вчера на шестмина од уапсените во „Двојник“ им одреди притвор а на тројца мерки на претпазливост. Еден од осомничените веќе е во притвор поради сомнеж за издавање лажни возачки дозволи.

0 Коментари

Остави коментари