Заев за 24 Отворено: Не ја заслуживме оваа неправда од ЕУ
Foto

Заев за 24 Отворено: Не ја заслуживме оваа неправда од ЕУ

Во денешното гостување во 24 Отворено, премиерот Заев истакна дека народот мора да донесе одлука и да застане на патот на европските интеграции. Тој истакна дека европските лидери дискутирале до 2 часот по полноќ и имал разговор со нив и потенцираше дека е многу разочаран поради донесената одлука.

„Нашиот народ има право да биде исправен и да донесе одлука. До мајскиот самит не смееме да предизвикаме непријатности. Горчината ја чувствуваме сите. Макрон рече дека не е до нас. Се обидовме со се, сите можни аргументи. Навистина не заслуживме“ - истакна Заев.

Заев истакна дека секогаш партискиот интерес бил во втор план што е значајно за напредок на земјата. Не ризикува дебата која може да продуцира меѓуетничка нетпеливост.

„Искрено се плашам дека може да се појави вишок национализам и радикализам, кој што би бил провокативен дома меѓуетнички, но би бил провокативен и надвор. Во вакви околности кога горчината и неправдата ја чувствуваат сите може да предизвика реторика дома што би била соодветна провокација во Грција, во Бугарија за на мајскиот самит на потпишани договори да се случи некој проблем.“ - изјави Заев.

Во врска со реформите, тој потенцираше дека реформите ќе бидат завршени.

„Не сме сјајна влада и ги признаваме слабостите. Како граѓаните ќе веруваат во судство коога еден предмет повторно се враќа на почеток? Имаме одлука на судски совет за претседател на Врховен суд и денес се разгледуваат случаји на судии. Сите знаеме што се случуваше пред 2-3 години, а што сега.“ - истакна Заев.

0 Коментари

Остави коментари