Заев за 24 Отворено: Јас сум првиот што сака Груевски да си ја одлежи казната
Foto

Заев за 24 Отворено: Јас сум првиот што сака Груевски да си ја одлежи казната

Во врска со бегството на Груевски, Заев истакна дека тој во моментот кога избегал бил слободен човек. Тој изјави дека ќе преземел чекори ако имало одговорност за бегството на поранешниот премиер и е вели дека тога јемал докази дека некој му помогнал. 

„Човек што е слободен, во секоја земја може да ја напушти државата. Тогаш се истражува, не сега. Човекот фатил границата кон Албанија и во тој момент бил слободен. Јас сум првиот што сака Груевски да си ја одлежи казната за пример дека има казна. Обвинителството имаше соопштение во кое кажа дека истрагата не потврдува докази за одредена вина за одредени ситуации. И тие тоа го потврдија. Не можете на слободен човек да му ја ограничите слободата со репресивни мерки за да оневозможите да бега. Секој граѓанин за нас е еднаков за нас. Тогаш сме можеле незаконски да го следиме, да го прислушуваме. Ако значи дека треба да поставиме војска на секој метар… Ако ЈО некаде покажеше и докажеше вина за бегството, јас ќе преземев мерки, ќе разрешев кој и да треба. Ако имало некој што е виновен и тоа е утврдено, немам причина да го штедам. Но никој ниту од обвинителството, ниту од никаде не покажа вина. Груевски беше слободен човек во тој момент, излегол од својот дом, излегол на автопатиштата и ја поминал границата преку Албанија“ - рече Заев.“ - рече Заев.

0 Коментари

Остави коментари