Заев во 24 Отворено: Европската Унија тоа што го вети треба да го исполни
Foto

Заев во 24 Отворено: Европската Унија тоа што го вети треба да го исполни

„Канцеларката Ангела Меркел, Германија и сите 28 земји членки на ЕУ се конечно позитивни за Република Северна Македонија. Петнаесет години го чекаме овој датум за почеток на преговорите. Заслуживме како никогаш досега. Верувам дека на крајот ќе добиеме конкретна верификација и од канцеларката, но и од Европскиот совет.“ - изјави вечерва премиерот Зоран Заев во емисијата „24 Отворено“.

Заев посочи дека сто проценти се потврдени нашите перформанси во делот на реформите и блескавоста на договорот со Бугарија и Грција се конечна потврда дека ние исполнивме се и дека сега кога се исполнети и Европската Унија тоа што го вети треба да го исполни. 
 
„Веројатно по состанокот со канцеларката Меркел ќе имаме подетални информации. Јас сум убеден дека најмалку ќе биде верификувано се што е направено и дека ќе има јасно прецизно определување кога ќе го добиеме датумот за преговори. Мене ми е јасно дека јуни не е толку извесна можност, но имаме можности за јули“ - изјави Заев.
 

Доколку сега не дојде признанието за Северна Македонија со датум за отворање на поглавјата, ќе се доведе во прашање кредибилитетот на ЕУ. Јас верувам дека мотивацијата за силата на привлекување на земјите кон ЕУ ќе опстои зашто успехот на нашата земја е мотивација и за другите земји во регионот. Одлагање на одлука за датум за нас ќе ги врати на сцената радикалните националистички сили и интересот на трети страни“, нагласи премиерот Заев и дополни дека не треба да преовладува чувството на изневереност.

 

Ќе се бориме зашто ги имаме сите аргументи зад нас. Во дел од тие аргументи учествуваше и опозицијата. Достигнавме критериуми и постигнавме едно ниво дека нашата земја ќе напредува со отворање на поглавјата. Тоа извештајот на Европската Комисија го потврди. Нема други причини“, рече премиерот Заев.

 
Посочи дека очекува моќта на привлекување на ЕУ на земјите кандидатки да опстои и двете стратешки цели, членство во НАТО и добивање на датум за почеток на преговорите ќе бидат исполнети годинава.
 
Што се однесува до МРТВ, тој истакна дека треба на транспарентен начин да се избере уредник на програмскиот сервис и ако е потребно, тоа да трае и подолго време, но да биде квалитетно. На површина да излезат најкавлитетните со најмногу бодови.

0 Коментари

Остави коментари