Заев се сретна со Црвенковски
Foto

Заев се сретна со Црвенковски

Премиерот Зоран Заев се сретна со поранешниот претседател Бранко Црвенковски, кој на оваа средба дојде во својство на член на Подгорочкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.

Како што соопшти владината прес-служба, за време на средбата, Црвенковски го информирал премиерот за иницијативата Подгорочкиот клуб да организира регионална конференција во Скопје на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ на почетокот на јуни, оваа година. Заев ја прифатил поканата да ја поддржи конференцијата и да биде домаќин на прием што по тој повод ќе биде одржан за учесниците на настанот, стои во соопштението.

Целта на оваа конференција е да се поттикне и обезбеди поддршката за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со декларација која од конференцијата ќе им биде испратена на лидерите на Европската Унија со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво што би произлегло од евентуалното одлагање на овој процес.

0 Коментари

Остави коментари