Заев: СДСМ поднесе кривични пријави за бомбите
Foto

Заев: СДСМ поднесе кривични пријави за бомбите

СДСМ поднеле кривични пријави за незаконски прислушуваните и снимени аудиоразговори кои се појавуваат на јутјуб каналот од почетокот на кампањата информираше во интервју за МИА лидерот на партијата Зоран Заев.

Информацијата доаѓа откако вчера беше објавена нова аудио снимка под наслов „Вице даде зелено светло  да запалам коли“ во која објавувачот имплицира дека на снимката се слушаат гласови на партиски членови и функционери на СДСМ. А се спомнуваат и имиња за кои исто така се имплицира дека се од фамилијата Заеви.

Лидерот на СДСМ Заев вели кривичните пријави се подеднакво важни и за владејачката партија, но и за опозициската, како и за јавното информирање на гражаните за да се утврди нивното потекло. 

Од ВМРО-ДПМНЕ пак за сега се уште не дават конкретен одговор дали ќе поднесат кривични пријави за последните аудио снимки кои осамнаа на јутјуб каналот а за кои авторот кој ги објавил имплицира дека се слушаат гласовите на Јанушев и Јанакиевски.

Од партијата велат дека многу пати и досега поднеле кривични пријави до институциите но останале како што велат неми на нивниот аларм но и денеска од говорницата на партиското седиште апелираат Јавното обвинителство да покрене постапка за последната снимка која излезе во јавноста и да ги повика на разговор Заеви. 

Пред неполни два дена пак осамнаа и снимки под наслов „Јанушев ќе ги убијам“, Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком за кои пак авторот имплицираше дека се слушаат гласовите на Јанушев и Јанакиевски. Објавувањето на бомбите периодов стана особено актуелно во ек на кампањата која се води во насока на престојните  предвремените парламентарни избори  кои треба да се одржат на 15 ти месецов.

0 Коментари

Остави коментари