ЗАЕВ: ПРАВНА ДРЖАВА МОРА ДА ИМА, НИ ТРЕБА СУДСТВО КОЕ ОДЛУЧУВА, А НЕ ЗАСТАРУВА ПРЕДМЕТИ
Foto

ЗАЕВ: ПРАВНА ДРЖАВА МОРА ДА ИМА, НИ ТРЕБА СУДСТВО КОЕ ОДЛУЧУВА, А НЕ ЗАСТАРУВА ПРЕДМЕТИ

Да ја завршиме борбата за правда, ги ставивме животите во залог за правната држава – и последниот бастион на заробената држава ќе падне, порача Заев. На денешната граѓанска трибина пред членовите и симпатизери на СДСМ во Скопје, тој кажа дека правда може да носат само праведни судии, а не кочничари на правдата и побара од Судскиот Совет да го забрза прочистувањее т на судксите редови.

Го прозва директно бившиот претседател на Врховнот суд јово Вангеловски - кого штител и зошто десетици предмети ги чувале во фиока?

Зоран Заев премиер на РСМ - По два бардаци вода да им дадеш да чуваат ќе ги украдаат и ќе избегаат во Будимпшета. Нема компромис со криминалот. На тие што прават криминал се знае каде им е местото. Пукавме бомби. Ги ставивме животите за правната држава. Нема судија обвинител и судија кој ќе го запре овој процес. Нема шанси. Еден дел од судството и обвинителството останаа последната тврдина на заробената држава. Овие сваровски судски центри на моќ останаа последни упоришта на режимот. Уште еднаш ја повикувам ДКСК да започне проверка на имотот на судиите и обвинителите, УЈП, централен регистар, Катастар.

Според премиерот, за време на ВМРО-ДПМНЕ владеењето правото беше собрано во едно тефтерче, нивното евентуално враќање на власт ќе биде уште полош сигнал за сите и за економијата. Премиерот смета дека фокусот кон инвестициите со членството во НАТО ќе донесе голем број на странски фирми. Македонија е на вистинскиот пат со европски вредности – ние штедиме пари за да ги вратиме назад кај граѓаните , порача Заев.

Зоран Заев премиер на РСМ - Може ли 2,5 да биде повеќе и поодбро од 11? Може. За 2,5 години напрвивме повеќе за домашната економија од пустошот кој го напраивја во измиантите 11 години. Неврботеноста во третиот квартал во 2019 се рекордни 17,1%.Никогаш повеќе вработени луѓе немало во државата. Отвораме повеќе нови фабрики. За 2 години, Владата потпиша 34 нови дговори за странски инвестиции.

На трибината во Скопје се обратија и вицепремиерката Шеќеринска и градоначалникот Петре Шилегов.. Беше исраптена и директан порака до ВМРО ДПМНЕ дека иако се најбогата партија во Европа и изградија стотици споменици преку Скопје 2014та а ниту еден за починатиот претседател Борис Трајковски.. Опозицијата во минатото се грижеше само за криминал и прислушкување - затоа режим никогаш повеќе порачаа од СДСМ.

0 Коментари

Остави коментари