Заев: Почитувани лидери на ЕУ, бидете наши херои
Foto

Заев: Почитувани лидери на ЕУ, бидете наши херои

Македонскиот премиер Зоран Заев на заедничка прес-конференција со еврокомесарот Јоханес Хан, изјави дека македонскиот народ е во големо исчекување. Заев рече дека сега и веднаш ни треба одлука за почнување на преговори.

„Стануваме членка на НАТО, 24 земји го ратификуваа протоколот. а да ги започнеме преговорите со пристапување одлука, ни треба позитивна одлука сега и веднаш. Одлуката за започнување на пристапните преговори за нас значи нов процес на задачи, рокови и упорна работа на граѓаните, институциите и целото општество. Тоа е процес на отворање на поглавја, кои ќе ни овозможат да ги постигнеме стандардите на Европската унија и да го подобриме животот во Македонија во сите области. Да не дозволиме да ни ги изгаснат светлечките ѕвезди. Политички и институционално сме подготвени да ги почнеме преговорите.“ - рече Заев.

Заев вели дека ако не ја добиеме заслужената позитивна одлука, ќе следи големо разочарување. 

„Сакам добронамерно да предупредам дека ако не се испорача очекувана заслужена позитивна одлука за преговори, кредибилитетот на ЕУ и довербата на нашите граѓани може да бидат ставени под знак прашање. Тоа ќе ги засили регресивните сили во земјата и интересот на трети страни во регионот. Затоа лидери на ЕУ не ги гаснете светлечките ѕвезди кон кои се стремиме, немојте да станувате наша пречка, бидете нашите херои“, се обрати Заев до европските лидери. 

Тој  порача дека од ова искуство ќе излеземе посилни и поискусни како нација. Заев потенцираше ако не се испорача одлуката, кредибилитетот на ЕУ ќе се стави под знак прашалник.

0 Коментари

Остави коментари