Заев: ОН се симбол за глобалниот мир и безбедност, продолжуваме да соработуваме
Foto

Заев: ОН се симбол за глобалниот мир и безбедност, продолжуваме да соработуваме

Годинава, организацијата на Обединетите нации одбележува значаен јубилеј - 75 години од основањето. Формирана во 1945 година во свет на урнатини, ОН денес се симбол за глобалниот мир и безбедност, напиша денеска премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил.

И покрај множеството предизвици, он го наметнаа принципот на дијалог и почитување при превенирањето и решавањето на предизвиците и низ начелата на соработка и солидарност, покренуваат иницијативи за надминување на горливите светски проблеми, пишува Заев.

0 Коментари

Остави коментари