Заев очекува до крајот на годината да отпочнат преговорите со ЕУ
Foto

Заев очекува до крајот на годината да отпочнат преговорите со ЕУ

Премиерот Зоран Заев очекува на претстојниот Совет на Европската унија да биде потврдено она што ЕУ го верификуваше преку извештајот на Европската комисија за напредокот на државата.

– Нашиот народ и нашата земја го заслужија тоа, изјави Заев, додавајќи дека очекува во септември или октомври земјата да добие датум за преговори, а кон крајот на годината да отпочнат преговорите.

Додаде дека ќе се причека германскиот Бундестаг да донесе одлука за старт на преговорите на Европската Унија со Северна Македонија по што конечно земјата ќе добие датум за преговори.

– Драго ми е што имаме шанси до крајот на годината да бидеме полноправна членка на НАТО. Тогаш ќе почнат и преговорите со ЕУ така што можеме успешно да ја завршиме оваа година во поглед на интеграциските процеси, изјави Заев, одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на Преспа на настанот „Запознај ја Преспа”. 

0 Коментари

Остави коментари