Заев носител на листа во четвртата ИЕ, Мицкоски преферира да биде шпицен кандидат
Foto

Заев носител на листа во четвртата ИЕ, Мицкоски преферира да биде шпицен кандидат

Лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, се убедени дека ќе бидат победници на предвремените парламентарни избори на 12 април, но ја исклучуваат можноста да направат широка коалиција. Заев  во дуелот на ТВ Канал 5 најави дека СДСМ на изборите ќе настапи како мултиетничка партија, а Мицкоски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ ќе се претстави како македонска политичка партија.

Сепак, Заев не ја исклучува можноста за широка коалција, но откако ВМРО-ДПМНЕ ќе изгуби на изборите и Мицкоски ќе си даде оставка, по што ќе се европеизира партијата.

Најави дека тој ќе биде носител на листата во четвртата изборна единица и го покани Мицкоски да се пресметаат на домашен терен. Нагласи дека за него одговорност пред народот е да биде носител на изборна листа, а не шпицен кандидат, што може да се протолкува како бегање од одговорност.

Мицкоски, пак, истакна дека дал предлог за шпицен кандидати за мандатар на идната влада, според него тоа е морална вертикала, но конечната одлука за тоа дали ќе биде шпицен кандитат или носител на листа ќе се знае следната недела на ЦО на партијата. 

Како историски чекор ја оцени предизборната коалиција на СДСМ со БЕСА. 

На прашањето дали ќе коалицира со ДУИ, Мицкоски рече дека неговата партија ќе коалицира со секоја партија, која може да ја прифати програмата на ВМРО-ДПМНЕ и чија програма ќе може да биде прифатена од неговата партија. Му посака на Заев среќа во коалицирањето со БЕСА, но смета дека е лицемерно Заев да биде, како што посочи, критичар на ДУИ и да биде опозиција меѓу Албанците во државата. Со коалицијата со БЕСА, додаде, Заев грубо ги манипулира гласачите од албанскиот блок и се обидува да краде гласови од нив со обид да се глуми опозиција во рамките на албанскиот политички блок.

0 Коментари

Остави коментари