Заев: Не е пронајдена корупција кај министрите и директорите
Foto

Заев: Не е пронајдена корупција кај министрите и директорите

Иако Стејт Департементот во последниот ивештај нотираше високо ниво на корупција во власта - премиерот Зоран Заев отфрла воопшто таква можност.

Корупција во највисокиот ешалон на власта нема, ниту министрите, ниту дикреторите не се корумпирани - тврди Заев. 

Корупцијата била присутна само во институциите, вели премеирот, но без да прецизира точно во кои институции, и кои се луѓето кои се корумпирани. 

„Никаде во највисокиот ешалон, па дури и во вториот ешалон не е препознаена корупција. Значи, таа не е пронајдена кај министрите, кај директорите, пронајдена е по анализата системски, тоа значи во делот на административното функционирање на јавните институции.“ - изјави Заев.

Заев дециден - очет и одговорност, нема да бара ниту од првиот човек за борба против корупција, Љупчо Николовски. Наспроти тврдењата на премеирот - за познавачите земјава тоне во корупција. Поранешниот антикорупционер, Ариф Муса прилично остро порачува - како може никој да не преземе одговорност, а корупцијата да цвета. 

Поранешниот антикорупционер вели во земајва има повеќе корупција отколку што знае меѓународната јавност - тој акцентот го става на јавните набавки - еднакво како што посочува и Стејт департментот. 

Опозициската ВРМО-ДПМНЕ обвинува - Македонија е синоним за корупција  и криминал. На иста бранова должина се и опозициските парти од албанскиот кампус. 

„Во Владата на Заев врие од корупција, тоа го покажа и Извештајот на Стејт Департментот. Тоа што се гонат само ситни прекршители, додека големите функционери остануваат надвор од опфатот на органите на прогонот говори дека власта функционира како мафија, која си ја штити главата.“ - велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Коалициониот партенер во власта - ДУИ со денови молчи за извештајот на Стејт Департементот, каде единствено позитивно е оценета работата на  Антикорупциската комисија, а во него се забележува и дека дел од истрагите кои ги отвори поранешното СЈО имаат исход во кои обвинети добија затворски казни.

0 Коментари

Остави коментари