Заев најави разрешување на Ременски, во СДСМ очекуваат и пратеничка оставка
Foto

Заев најави разрешување на Ременски, во СДСМ очекуваат и пратеничка оставка

Фросина Ременски освен со партиските функции најверојатно ќе треба да се збогува со пратеничкиот мандат, и потпретседателската фотелја во законодавниот дом. Дека од Бихаќка најверојатно ќе биде времено отсратнета јавно ја извести нејзиниот лидер Зоран Заев.

А дека ќе се очекува да го напушти собраниското столче неофицијално и било посочено. Ременски е член на ИО и ЦО, а од неодамна со метлата на Зеав беше сметена од потпретседателска функција во партијата и за разлика од дел од останатите не беше вратена. Заев без да коментира детали околу истрагата во која ја сомничи ЈО, најави повеќе детали за утре, но и ја потсети доскорешата потпретседателка за ставот на партијата.

Нашиот став е секој пат кога лице е осомничено или обвинето, да преземеме мерки и санкции, времено отстранување на тоа лице, се додека не си ја докаже својата невиност. Прво да прочитаме за што е тоа лице осомничено, треба да испочитуваме еднаков третман пред законите, изјави Зооран Заев премиер и претседател на СДСМ.

Ременски денеска се појави во Собранието, но не и во собраниската сала, но реши да молчи. Беше пријавена за збор за ребалансот за буџетот, но потоа ја снема. Не одговараше ниту на телефонските повици и смс пораките. Таа освен партсиките и државните функции, е и почесен претседател на невладината „Меѓународен сојуз“. Во таа функција и беше повикана на распит кај Вилма Русковска, каде неодговарајќи директно на новинрските прашања се правдаше дека блискоста со некого не значи вина.

Од Собранието пак денеска без коментар, велат најпрво ќе очекуваат официјално од известување за евентуална мерка за претпазливост од судот, па потоа ќе се изјаснат. И дел колегите на Ременски одбија да коментираат.

0 Коментари

Остави коментари