Заев на средба со Мицотакис и Сакеларопулу
Foto

Заев на средба со Мицотакис и Сакеларопулу

Билатералните односи со акцент на развојот на економската соработка меѓу двете земји беа во фокусот на разговорите за време на работниот ручек во Атина меѓу премиерите на Грција и на Македонија Кирјакос Мицотакис и Зоран Заев.

На средбата било истакнато дека со Договорот од Преспа, двете земји создадоа модел за успешно решавање на отворените прашања меѓу соседите. Двајцата премиери на средбата разговарале и за идната соработка и спроведување на одредбите од Акциониот план од

Договорот од Преспа, меѓу кои приоритет има континуитетот на работата на заедничките комитети на експерти за историските, образовните и археолошките прашања, како и работата на Комитетот за бизнис дијалог за изнаоѓање решенија за заштитените марки и брендови.

Премиерот Заев имашево интервју за ТВ Мега.  Нагласи дека за него е од особено значење што неговото прво службено патување надвор од земјата во вториот мандат како претседател на Владата  е работната посета на Грција.

„Ни преостануваат уште 2 години, зошто да не најдеме решение за 3 или 4 месеци. Дојдов со владиниот авион во кој пишува Република Северна Македонија за прв пат во Атина. Имаше претходно уште еден пат на пример во Солун. Со сето ова се обидуваме да испратиме порака за пријателство. Навистина, постојат приватни тела и организации кои не треба да го менуваат своето име врз основа на договорот од Преспа.“ - изјави Заев.

Заев, заедно со неколкучлената делегација претходно се сретна и со грчката претседателка Катерина Сакаларопулу, на која изразил увереност дека Грција ќе биде еден од главните лобисти за успешен старт на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство. Заев заедно со владина делегација во Атина беше гостин на бизнис-конференцијата организирана од „Економист“, од каде што порача дека треба да се продолжи со инвестирање во добрососедски односи, да се надминат отворените прашања со дијалог и толеранција.

0 Коментари

Остави коментари