Заев: На буџетот му недостасуваат 1,3 милијарди евра за да преживее
Foto

Заев: На буџетот му недостасуваат 1,3 милијарди евра за да преживее

Во буџетот годинава ќе останат непокриени или ќе недостасуваат околу 1,3 милијарди евра и затоа тој товар мора да го споделиме сите, изјави претседателот на СДСМ, кој повика ги повика граѓаните на разбирање во овие вонредни услови што и се закануваат на макодонската економија.

Граѓаните, рече Заев, треба да знаат дека очекувањата на наплатата на приходите во овие моменти на криза се помеѓу 30 и 40 проценти, а тоа значи дека 60% од очекуваните даноци во буџетот ќе недостасуваат.

„Ќе надохнадиме 30% ако обезбедиме кредити во износ повеќе од 1,2 милијарди евра, а во моментот на пазарот на кредити ни се нуди не повеќе од 600 милиони евра кредити. Еве и да ги обезбедиме тие милијарда и двеста милиони евра од кредити, но за да ги обезбедиме останатите 30% проценти, мора да кратиме, мора да штедиме. Сите ставки и непродуктивни трошења што гледам дека министерството за финансии веќе ги скратува се некаде околу 7 милијарди денари, но тоа не е доволно. Тие 30% кои сепак остануваат непокриени се околу 1,3 милијарди евра и тие мора да ги понесеме заедно сите. Колку побрзо го сфатиме тоа, толку поуспешно ќе се справиме со кризата“, рече Заев

Заев ретерира за платите во јавниот сектор, вели дадов предлози, не значи дека Владата ќе ги прифати сите. СДСМ како партија ги препорача економските мерки до Владата и дека сега Владата е таа која што конечно ќе одлучи. Заев

Опозицијата повика на купување македонски производи како една од мерките за спас на домашните компании. Сега е потребно македонските пари да ги инвестираме, да ги вратиме на македонската економија, така ќе ги задржиме и македонските работници, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.

„Потребно е да се задржи потрошувачката на македонските производи, бидејќи само така ќе ги одржи македонските компании, а тие ќе ги задржат македонските работници. Да ги помогнеме македонските компании, да ги спасиме работните места. Едноставно е, купувајте македонски производи.“ - рече Мисајловски.

СДСМ веќе се откажа од буџетските пари за партиски активности, а Заев изјави дека секоја партија само ќе одлучи за тоа. Министерката за правда Рената Дескоска најави дека ќе предложи до Владата уредба со која ќе биде укинато годишното финансирање на политичките партии кое изнесува 0,15 проценти од буџетот, или над 4,5 милиони евра за оваа година.

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија дека ќе дадат поддршка само доколку сите 26 министри, заменици, генерални секретари  и други именувани лица, се согласат да работат бесплатно до крајот на мандатот. ДУИ како партија се уште не се изјаснила.

0 Коментари

Остави коментари