Заев: На 15 јули изборот е меѓу рекорден износ на странски инвестиции или некој нов Субрата Рој
Foto

Заев: На 15 јули изборот е меѓу рекорден износ на странски инвестиции или некој нов Субрата Рој

На 15 јули граѓаните одбираат нова развојна економија, одбираат парите уште повеќе да завршуваат во нивните буџети, за да биде уште подобро за сите, истакна претседателот на СДСМ и носител на листата на коалицијата „Можеме“ во четвртата изборна единица, Зоран Заев.

Носителот на листа во изборна единица 2, Оливер Спасовски денеска побара мандат од граѓаните за брза развојна економија која, како што рече, носи стабилен економски раст повисоки плати и шанса за сите.

0 Коментари

Остави коментари