Заев-Коп: Потребно е да се обезбедат гаранции за предметите отворени од СЈО
Foto

Заев-Коп: Потребно е да се обезбедат гаранции за предметите отворени од СЈО

Потребно е да се обезбедат гаранции за предметите отворени од СЈО, бидејќи мораме да бидеме одговорни кон граѓаните и кон државата. Правосудството веќе прави чекори што покажуваат дека системот почнува да функционира на професионален и независен начин. Законот за јавно обвинителство не е обврска кон ЕУ, но е добар аргумент пред октомврискиот Совет на ЕУ, дека како држава сме подготвени да ги развиваме капацитетите на институциите на европски начин, истакнал премиерот Заев на средбата со новоименуваниот холандски амбасадор Дирк Јан Коп.

Заев посочил дека во тој дух ги продолжува и разговорите со опозицијата и оти верува дека договор е можен, секаде каде што има волја за решение.

На средбата, како што информира владината прес- служба, била изразена поддршка за политиките на отворен дијалог и е оценето дека државата работи на планот на функционални институции.

Во тој контекст, Заев истакнал дека Република Северна Македонија е држава со функционален Парламент, во кој со консензус се донесени клучните реформи што треба да донесат бенефит за граѓаните во интеграциска и економска смисла и оти Владата е посветена на ефективен дијалог со опозицијата.

На средбата е изразена поддршка за вреднување на покажаниот индивидуален напредок на Република Северна Македонија од страна на ЕУ, во пресрет на Советот на ЕУ во октомври. Констатирано дека државата е веќе видлива на економскиот пазар, како и дека постојат услови и обострана волја за поголема економска соработка.

0 Коментари

Остави коментари