Заев ќе го отвори Првиот Економски Форум во Скопје
Foto

Заев ќе го отвори Првиот Економски Форум во Скопје

Денеска во 9 часот во хотелот „Александар Палас“ започнува Првиот Економски Форум во Скопје, кој со официјално обраќање ќе го отвори премиерот Зоран Заев.

Меѓу учесниците на форумот се и премиерот на Албанија, Еди Рама, еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји кој ќе се обрати преку видео-конференциска врска, потоа вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи, министрите за финансии, Фатмир Бесими, за економија Крешник Бектеши, за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, за правда Бојан Маричиќ, гувернерката Анита Ангеловска Бежоска, министерката за финансии и економија на Албанија, Анила Денај, амбасадорите на САД, Велика Британија, Германија, Грција и Полска во Северна Македонија, првите луѓе во канцелариите на Светска банка и на ЕБРД во земјава, Масимилијано Паолучи и Анди Аранитаси, како и домашни стопанственици, универзитетски професори и новинари, гости од Словенија, Србија.

Организатор на Економскиот Форум во Скопје е Делфи Економскиот Форум заедно со Грчката бизнис асоцијација од Северна Македонија.

Целта на Економскиот форум во Скопје е да прерасне во средба на високо ниво на најсилните локални и меѓународни политички лидери и бизнисмени во пресрет на континуираните предизвици со кои се соочува Северна Македонија, но и поширокиот регион.

0 Коментари

Остави коментари